|
Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
ПОСТОJАН СОН
web
Се што сакам да ти кажам во овоj ден
испарува низ воздухот со мирис на гниеж
Залудно се напрегам да те дофтасам
И сигурно знам
оти нема ништо повистинито од тоа
постоjано да jа слекувам твоjата кожа
Постоjано jа слекувам твоjата кожа
Ноќе еден платан jа потпира моjата сенка
Твоите очи се небо на кое висам како лилjак
Низ вените ми sвони трамваj
Jа обикувам твоjата снага во облик
каков што мене ми е потребен
Времето е наполу слуга - наполу монструм
Ги глода нашите коски
Во черепот ми забива нитни и ги брои:
една, две, три...
Лудилото е дел од нас
Улава те сместувам
во своjата преслека од портокалова кожа
Треперам како лист пред есенска авантура
Сонувам скорпии -
таинствени знаци во твоето вообичаено лице
И се, и се што сакам да ти кажам во овоj ден
испарува низ воздухот со мирис на гниеж
Залудно се напрегам да те дофтасам
Сепак сигурно знам
оти нема ништо повистинито од тоа
постоjано да jа слекувам твоjата кожа
© Зоран Якимоски, 2003
© Издателство LiterNet,
10. 05. 2003
=============================
Първо издание, електронно.
|