НОЌЕН ГОСТИН ВО МОJАТА СОБА
web
Ти влегуваш, а името не ти го знам. Зелен одsвон од времињата.
Од оваа болка, планина подигнуваш. Од кое време во кое невреме идеш.
Имаш чекор, што татни. На коjа воjска ли припаѓаш.
Со кое име ме довикуваш. Над чиjа трпеза ме распнуваш.
© Зоран Якимоски, 1994 © Издателство LiterNet, 10. 05. 2003 ============================= Публикация в: Зоран Якимоски "Граматика на поривот", 1994.