Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
НОЌЕ ВОЃЕ НОСАМ
web
Ноќе воѓе носам
Потаjно тмаjум
низ воќе исчезнувам
Во грлово глаголиво
замира зборот
Муграта мртов
нема да ме сретне
Има ли присоj
припек за повтежот
преѓешен и иден
По коj пат да се поjде
Во коj правец коj
патоказ да се следи
Каде о воѓе
Под пазуви е тесно
На зглавjе од папрат
ќе си починеме
Залудно е се
Заморот е моќен
Не бегам од оваа коб
Таа во мене се крие
© Зоран Якимоски, 2003
© Издателство LiterNet,
10. 05. 2003
=============================
Първо издание, електронно.
|