Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
ЗАНЕС
web
На масата ме нема.
Отсутен сум во вселената.
Мислите што ми се причинуваат мои
го угарат снежното поле на хартијата.
Кон небето се подигнува завесата.
Пладнето влегува во зелениот блен.
Во шарена торба, на разбој ткаена,
топла погача мириса.
Баз од мајкина душичка.
Липовина во ветерот.
Плодови што дозреваат озарени од чиста љубов.
Вознемирен пчеларник во улава глава.
© Тоде Илиевски
=============================
© Електронно списание LiterNet, 19.05.2004, № 5 (54)
|