|
Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
170. ЛЕНИВИОТ ЧОЕК И ЖЕНА МУ Си бил еден чоек и една жена. Чоекот бил многу мързелив и седел дома по край собата. Жената му рекла на мажот си: "Земи си онье плочине да напрайш една кация за оган валенье." Той'и зел плочите и ошол на ковачот да направи кация. Плочите не му стигнале и ковачот му рекол: "Оди земи и други." А той му рекол на ковачот: "Дури д'одам, ке забораам." Ковачот му рекол: "Викай: невтаса, невтаса." И той по патот викал: "Невтаса, невтаса." Го нашле двайца ловджии, шчо не ватиле нишчо лов и той му викал: "Невтаса, невтаса." Ловджиите първо го натепале и чоекот му рекол: "Како да викам?" - "Да викаш - му рекле тийе - кога еден, кога два, кога три." И той по патот стретил кай носеле еден турчин умрен, и той си викал: "Кога еден, кога два, кога три." Турците го ватиле, го натепале. Той му рекол: "Како да викам?" - "Да викаш - му рекле - кога еден, кога ни еден." По-тамо нашол еден овчар, кай ядит еден брав и той му вика: "Кога еден, кога ни еден." И овчарот го натепува и му велит: "Яз сум нашол еден, та и ни еден." И му вели: "Да викаш: Су здравье да си го яйш." По патот нашол еден турчин, се с...., и му вика: "Со здравье да си го яйш." - Турчинот станал и го отепал.
неуточнено, Битолско - Македония.
============================= Други публикации: |