|
Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
142. СКЪРЖАВИЙОТ ЦАР И МИЛОЗЛИВИЙОТ ЦАРСКИ СИН ИЛИ "ДОБРОТО НИКОЙ ПАТ НЕ ГИНЕТ" Едно време имало еден цар многу скържав (скъперник). Той си имал син и коа порастил, му дал еден тоар злато и го изпратил заедно со везирот да печалит, - за три години да вратит три тоари, а ако не, ке му я пресечит глаата. Ошле во друга царшчина. Коа влагале во еден град, виделе кай влечат еден чоек, вързан за нодзе, по сокаците и прашале: "Шчо лошо сторил той чоек, та шчо така го мачат?" Тийе им отгоориле, оти така им бил адетот; - коа да умрел некой, го вързуале за нодзе и го влечеле до надвор от градот, секой по троа, за душа. Царскийот син, као бил многу милозлив, го откупил, напрайл едно носило, го извайл надвор от градот, му напрайл гроб, 'го закопал и ставил търпеза за задушбина, без да го почует везиратого. Овай видел оти ке'и поарджит парите, го остайл и си се вратил назад. И навистина детето, праееки добрини, сите пари 'и поарджило. Се вратило назад в град и, као му било страф да ойт дома, се главило на край от градот, кай еден старец меанджия, кай шчо никой не оел. Детето со свойот измет сторило шчо сите да одаат тамо и во малу време старецот се обогатил. Еднуж му рекол старецот шчо сакат да му дайт за работата. Детето рекло: "Некоя пара, колку за да одам на тугина." - "Арно" - рекол старецот и као нейкел да го пушчит сам, ошол да му барат другар. Го стретил еден арап и му рекол да го земит него. "Не, - рекол старецот, - тебе не ке те аресат." - "Земи ме мене - рекол арапот - и ако ме нейкет, я знам да си одам." Го зел и детето, шчо туку го видело и го аресало. На утрото търгнале на пат. Коа дошле до еден клаенец. Арапот му рекол: "Нийе сега, побратиме, ке ойме на тугина. Овде требит да се заколниме, оти нишчо еден от друг не ке се криеме; се заедно ке сме и денье и ноке и, коа ке се вратиме, со господ напред, овде, на овай клаенец се, шчо ке спечалиме, ке си го делиме еднакво, брацки, дури и влакното!" Се заколнале и търгнале. Одееки, влегле во една пустиня и лугето, шчо 'истрекяале, им велеле да не одат на тамо, оти ке загинат. Арапот никого не слушал. Вечерта кондисале на еден пуст хан, запустен. Детето легнало во една одаа и заспало. А арапот прошетал сите одаи и нашол една ламя со три глай, шчо 'и ядела лугето, шчо поминуале от тамо, а парите'и берела и я наполнила сета одаа. Арапот я отепал, одаята со парите я заклучил и нишчо не кажал на детето. На утрото търгнале и ошле во еден царски град. Тамо имало една царска керка, многу пати мажена, туку мажите недотрауале - ушче първата вечер умирале. Арапот ошол кай царот и му а посакал от страна на детето керка му. Царот го видел детето и наеднаж напрайле сватбата. Мнодзина му велеле да не а земат, оти ке умрит млад и зелен (а пак детето, заборайфме да кажиме, било многу лично), туку арапот му велел да немат гайле, лели йе той со него... Първата вечер коа си легнале младите, арапот посакал да спиет во истата одаа. Детето го молело да спиет башка (отделно), туку той му споменал клетвата и замолкло. Шчо туку заспале, невестата зинала и ватила да ърчит. Арапот станал извайл сабята и застанал над ниф. По малу време ете ти, едно змиишче излегло из устата на невестата и, коа се сготвила да го укасат момчето, арапот я отсекол околу една педа, колку шчо беше излегла, заедно со се глаа. Останато парче пак се скрило. Утрината, коа станале, сийот сарай се радуал, коа виделе, оти зетот останал жив. По неколку време се сготвиле да си одат и нишчо не зеле от царот, саде четириесет маски и четириесет вреки празни. Коа дошле кай запустенийот хан, арапот 'и натоарил маските со парите от ламията и си търгнале кун дома со невестата. За еден ден втасале кай той клаенец. "Сега - рекол арапот, - треба да се делиме." Оделиле по дваесет маски и се друго, шчо имале. "Дай сега - рекол арапот - да а делиме и жената. Държ ти за едната нога и, како сакаш, преку полойна, на полу или по една нога?" - "Остай се, леба ти, - рекло момчето, - земи я ти сета, ако сакаш, а не да а губиме!" - "Не, - рекол арапот - ами клетвата!?" Видело, невидело момчето, зело една нога и шчо туку кренал арапот ножот, жената спискала и от страф го изблула и останатото парче от змията. "На ти я сега, - рекол арапот, - толку сакаф я - да излезит и тоа парче от змията." После му разкажал за се и му се кажал оти той йе чоекот, шчо го закопал со чест. Рекол и го снемало. Детето се прекърстило и си рекло: "Навистина арното никой пат не гинет." Си се качило на коня и му отнесло на татка си четириесет тоари злато. После си се сторило цар и се прочуло по цел свет.
неуточнено, Кичевско - Македония.
============================= Други публикации: |