|
Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
132. "КАСМЕТОТ НА ЧОЕКА, ПАК СИ ЙЕ НЕГОВ КАСМЕТ" ИЛИ СИРОМАИЙОТ СЕЛАНЕЦ И БОГАТИЙОТ ЧУЖДЕНЕЦ Едно време си бил еден чоек многу сиромаф, ама касметлия. Еднуж одееки, видел кай се препираат и се тепаат две деца за едно камче. 'И разделил, им го зел камчето и им дал по едно симитче от по две пари. Си го отнесол дома камчето и си го клал на полица. Вечерта камчето ватило да светит (тоа било безценето камче) и чоекот на негоата светлина си вечерал. Околу три-четири саатот, нокьта, ете ти, некой чукат на порта и се молит за оган. Сиромаийот излегол и му рекол оти немат оган. "Ами шчо йе тоа, шчо светит?" - рекол тугинецот, шчо бил многу богат. - "Едно камче - отгоорил сиромаийот. - Си ге найдоф сношчи." Тугинецот сетил и го попрашал, дали го продаат. "Не, - рекол сиромаийот. - Не го продаам, тоа ми йе мой касмет." Тугинецот му дал петстотини грошой, а сиромаийот, као мислел оти си играт (се бият шега) со него, му рекол: "Айде, леба ти, не играй си со мене, сиромаф!" - "На ти иляда" - му рекол тугинецот. И така селанинот, мислееки си оти се биет шега, а тугинецот оти я знайт вистинската цена, я качиле до сто иляди грошои. Тога - "Е дай де" - рекол сиромаийот. Тугинецот извайл и му 'и броял сто иляди грошои, туку селанинот му рекол: "Арно, ти ке ми 'и дайш овье пари, туку селаните, шчо ме знаят, оти сум сиромаф, ке речат после оти сум 'и украл. За тоа арно ке сториш, ако дойш утре на меана и тамо да се изнайдиме небаре како бракя изгубени. После да ме пожалиш гьоа и да ми 'и дайш парите и я ке те повикам дома, за да се видиш со внучинята и тогай земи си го камчето." Тугинецот го аресал той ум и си ошол. Утредента ошле на меана и, пред селаните, лаф по лаф, се изнашле бракя, отдамна загинати и невидени. Тугинецот се нажалил, извайл кесето, му го дал на сиромаийот и му рекол: "На, брате, овье пари да си израниш децата, мене ми дал господ доста!" Сиромаийот 'и зел и му рекол: "Ела сега, брате, дома, кай нас, да се видиш со кукните и да покасниме шчо дал господ!" Тугинецот со радос вявнал коньот и търгнал за кун кай кукята негоа. На патот имало еден трап, полн со вода, као бунар и тугинецот, као не знаел, го пушчил коньот весело и коньот пропаднал. Дури да се сберат селаните да го изваат, той се удайл со се конь и го извайле веке умрен. Сите го оплакале и со голема чес го закопале. Сиромаийот платил сийот арч от парите, шчо беше му 'и дал сам той истийот и най-много плакал. А стоката, шчо беше я донесол тугинецот за продаане, му я дале на сиромаийот као на брат негов. И така сиромаийот, вечерта сиромаф, а утрината се сторил най-богат, - касметот му бил таков и камчето пак негоо си останало.
неуточнено, Кичевско - Македония.
============================= Други публикации: |