|
Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
130. УМОТ И РИЗИКОТ ИЛИ "КОЛКУ ДА СИ КАСМЕТЛИЯ, БЕЗ УМ НИШЧО НЕ ЧИНИШ" Еднаж умот и ризикот на еден чоек се сдечкале по мегю себе. Ризникот велел на умот: "Ти без мене не мойш!" А умот му рекол: "Не, ти без мене не мойш!" Препираеки се така, най-седне умот рекол: "Айде, я ке излеза от овай чоек, да видиме, ти сам шчо ке прайш" - и излегол. Детето се поулайло (да не дайт господ), си изкинало алишчата, грабнало еден копач и ошло во еден рид да копат. Кай шчо ке копнело се алтани и безценети каменя му излегуале, туку не знаело шчо да й чинит. Поминал еден патник и се заглеал во детето, коа го видел така издърпано. Детето зело еден гърст камене и му 'и дало велееки: "На овье камене да 'и отнесиш на царот ваш бакшиш". Патникот 'и зел и коа видел оти сет безценети, многу се зарадуал. По неколку време пак поминал на истото место. Детето го повикало и му дало ушче пойке. Чоекот 'и продал и се сторил толку богат, шчо царот нифни го зел за азнатар. Той немал челад и по некоя година му текнало да го земит тоа дете, шчо го обогати, за чедо. Го зел за душа и го държал скришом, коа идел царот дома кай него. Еднуж царот влегол в недоапица (ненадейно), го заглеал и, коа било многу лично, му се аресало. Го прашал азнатаратого: "Твой син йе той?" Той отгоорил: "Мой". - "Зет го сториф" - рекол царот. Той се уплашил, а нишчо не рекол, коа си помислил оти царскийот сбор не се вракят, от една страна, а от друга, оти беше му рекол оти мой йе. Си помалчал и я остайл работата на господа. Царот по неколку дни запоелал и сватбата се сторила. Му дал еден сарай и му я пратил тамо керка си. Вечерта, коа 'и затвориле, детето си седнало во едно кьоше и нишчо не знаело да речит, ни "добро вечер", ни "добро-утро." "Три вечери со ред детето ич не се помърднало от кьошето. Цареата керка толку се разлутила, шчо му рекла на царот - татка си: "Али тоа будало ке го загубиш, али я ке се отепам!" Царот запоелал да го заколет стреде сарай. Джелатот се сготвил и шчо туку кренал раката да мафнит, ризикот се поклонил на умот велееки: "Търчай, оти го загубифме чоекот!" Умот часокот дошел и детето отеднаж кренало раката и му рекло на джелатот: "Постой! Имам да кажа два сбора на царот." Царот чул и запоелал да му го донесат. Детето ошло и му рекло: "Зашчо си запоелал да ме загубат, честити цару?" - "Како зашчо? - рекол царот. - Я те сториф тебе зет, а ти да се биеш шега со керка ми, недексуаеки да легнеш при нея?" - "Честити цару, - рекло пак детето. - Ти знаеш, оти я не сум от царска кръв и, не три дни, туку три недели требат да стоам просту пред царската чест и да се плашам от неа!" Царот коа чул тоа, напраил втора сватба, ушче по-весела и пак му я дал керка си. И така улоо и со арен касмет ке умреше, а со умот се спаси от умирачка и се стори царски зет.
неуточнено, Кичевско - Македония.
============================= Други публикации: |